Принцот Хари падна од коњ (ВИДЕО)

Принцот Хари падна од коњ
Принцот Хари падна од коњ

Британскиот принц Хари (31) доживеал две незгоди додека играл поло во хуманитарни цели во Јужна Африка.

Принцот јавал на својот коњ кој во еден момент го фрлил на земја. За среќа Хари го ублажил падот, задржувајќи се на своите раце. Играта била запрена бидејќи принцот завршил на коленици, но набргу била продолжена откако станал и повторно го јавнал коњот.

Хари бил капитен на својот тим за време на спортскоот случување одржано во близина на Кејп Таун. Хуманитарниот натпревар бил организиран од неговата фондација „Сентебејл“ која им помага на младите луѓе во Лесото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.