сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Еуростат ги демантира тврдењата на СДСМ дека сме презадолжени

Телото на Европската комисија бидете сигурни дека има многу подобри податоци од оние кои СДСМ ги лиферува во јавноста и што ги користи во своја предизборна кампања, посочи премиерот Груевски.

Еуростат ги демантира тврдењата на СДСМ дека сме презадолжени

Еуростат ги демантира тврдењата на СДСМ дека сме презадолжени

Поврзани вести

Maкедонија е четврта најмалку задолжена земја во Европа. Според последните податоци на европската статистичка служба, Еуростат, земјава во третиот квартал од 2015 година имала државен долг од 36% од БДП.

-Само што СДСМ тргна со кампања вели дека ние сме ја презадолжиле државата, а истовремено телото за статистика на ЕУ (Еуростат) излезе со податок дека Македонија е 4-та најниско задолжена држава во Европа, подвлече денеска премиерот Никола Груевски откако присуствуваше на пуштање во употреба на нов апарат за компјутерска томографија.

-Тоа секако не кореспондира со  бројките и со обидите на СДСМ да го дискредитира нашето работење и да не прикаже како Влада која што премногу ја задолжила државата. Телото на Европската комисија бидете сигурни дека има многу подобри податоци од оние кои СДСМ ги лиферува во јавноста и што ги користи во своја предизборна кампања. Она што е исто така важно е дека и во однос на крајот на минатата година, последниот квартал, односно декември 2014, имаме намалување за околу 2,2% на заложувањето кое што сега изнесува околу 36%, истакна премиерот.

Најчитани вести