вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 59

Поликлиниката „Јане Сандански“ доби современ компјутерски томограф (ФОТО)

Апаратот ќе биде корисен за пациентите зашто утврдува голем број дијагностики и дека со него значително ќе се растовари работата во ГОБ „8 Септември“ и во другите болници и клиники.

Поликлиниката „Јане Сандански“ доби нов компјутерски томограф

Поликлиниката „Јане Сандански“ доби нов компјутерски томограф

Последни вести

Владата на Република Македонија во новиот томограф инвестираше околу 19 милиони денари, а станува збор за најсовремен апарат кој прави по 16 пресеци во една секунда.

На пуштањето во употреба на томографот во поликлиниката „Јане Сандански“ во Општина Аеродром присуствуваше премиерот Никола Груевски заедно со министерот за здравство Никола Тодоров.

tomograf1

– Најважно е што ќе се излезе во пресрет на граѓаните коишто живеат во оваа општина или поблиску до оваа Поликлиника, така што нема да мора да добиваат упати па да одат во други болници, да чекаат термини, рокови, редови, туку работата ќе ја завршат многу поекспресно, побрзо, а еднакво квалитетно тука, во Поликлиниката „Јане Сандански“. Ова беше потреба за која поодамна ни се укажуваше и конечно ние најдовме начин, распишавме меѓународен јавен повик за набавка на ваков апарат, истакна Груевски.

tomograf2

Премиерот истакна дека апаратот ќе биде корисен за пациентите зашто утврдува голем број дијагностики и дека со него значително ќе се растовари работата во ГОБ „8 Септември“ и во другите болници и клиники.

tomograf3

tomograf4

tomograf5

tomograf6

tomograf7

Најчитани вести