среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

СДСМ најдобро функционира кога е во позиција да и’ нанесува штета на државата

СДСМ сака да ги казни граѓаните кои ги нарекува „стока“ и „стадо овци“ стопирајќи им ги пензиите, социјалната помош, апаратите по болниците, кочејќи ја изградбата на нови патишта, стопирајќи ги субвенциите за земјоделците.

вмро

Поврзани вести

СДСМ сака да ја види Македонија на колена, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ не гo интересира дали пензионерите ќе добијат повисоки пензии и дали социјалните случаи ќе добијат повисока социјална помош.

Од луксузната хациенда на Заев на Халкидики или од јахтата на Егејско море на Шеќеринска – перскептивата е поинаква.

На некој што има фирми со капитал како Заев од „шест или седум милиони евра“ и на некој што сам си наплаќа кирија од 5.000 евра, очекувано е дека ништо не му значи социјалната помош, пензијата или новиот апарат во некоја од државните болници.

Деструкцијатата како препознатлива карактеристика на СДСМ кулминира. СДСМ сака да им се одмазди на граѓаните кои не ја поддржуваат нивната политика на деструкција и манипулација. СДСМ сака да ги казни граѓаните кои ги нарекува „стока“ и „стадо овци“ стопирајќи им ги пензиите, социјалната помош, апаратите по болниците, кочејќи ја изградбата на нови патишта, стопирајќи ги субвенциите за земјоделците.

Народот знае дека без СДСМ во владата сите исплати се одвиваа нормално и без проблем. Со влегувањето на Кире Наумов од СДСМ во Министерството за финансии, започна сценариото на СДСМ за внесување на Македонија во нов хаос и неизвесност.

СДСМ ја задолжи Македонија и ден денес враќаме кредити од стотици милиони евра од пред повеќе од 10 години, стотици милиони евра кои наместо во повисоки пензии, социјална помош, нови патишта и апарати по болниците – отидоа по џебовите на функционерите на СДСМ.

Денес кога се вложуваат многу повеќе пари во сите сфери и паралелно се враќаат долговите на СДСМ, повторно блокади за пензиите и социјалната помош доаѓаат од централата од Бихаќка.

СДСМ ужива кога Македонија е во неизвесност. СДСМ најдобро функционира кога е во позиција да и нанесува штета на државата.

ВМРО-ДПМНЕ и народот тоа нема да го дозволат. За 146 дена, на 24-ти април по десетти пат СДСМ ќе ја добие заслужената казна за ваквата деструктивна политика

Најчитани вести