Црна позадина за предлозите на СДСМ кои значат целосна партизација на медиумите

Црна позадина за предлозите на СДСМ кои значат целосна партизација на медиумите
Црна позадина за предлозите на СДСМ кои значат целосна партизација на медиумите

Предлогот за измени во законската регулатива за медиуми е срамен и не треба да се земе во предвид се додека на маса не се најде нормален предлог кој ќе води кон либерализација на медиумскиот простор, кој ке води кон либерализација на медиумскиот простор, реагираат четирите национални телевизии во земјава.

Најавуваат дека ако преговорите за медиумската сфера продолжат во правец на воведување на партиска диктатура и контрола на медиумите – нема да го следат изборниот процес. Најголемите телевизии преку заеднично соопштение бараат:
-Овој срамен предлог останатите партиите кои преговараат со СДСМ, да го отфрлат со индигнација и воопшто да не го земат во предвид, да ги прекинат преговорите, се додека на маса не се најде нормален предлог кој ќе води кон либерализација на медиумскиот простор.

– Сите странски дипломатски претставништва јавно да се оградат и да го осудат овој обид за репресија на медиумите и новинарите.

– Посредникот во преговорите Питер Ван Хојте да се произнесе јавно дали подржува ваков предлог, и да ни покаже еден пример во европски рамки кај што постои нешто вакво. Ние како најголеми телевизии, уште во текот на денешниот ден ќе започнеме со протесни активности, кои ќе се радикализираат со тек на времето.  Уште сега најавуваме дека ако преговорите за медиумската сфера и понатака продолжат во правец на воведување на партиска диктатура и контрола на медиумите, ние како најголеми медиуми во државата нема да го следиме изборниот процес, ниту преку нашите информативни емисии, ниту преку емитување на платена политичка програма. Воедно, ги повикуваме сите електронски медиуми евидентирани во регистарот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да се приклучат во протестот и придонесат за квалитетно и долгорочно регулирање на медиумската сфера.

Во врска со предлозите на СДСМ за измени во законската регулатива за медиуми, најголемите телевизии го бараат следново:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.