Мареј го совлада Гофин со што Британците славеа на Дејвис Купот по 79 години

Најдобриот британски тенисер стигна до втората сингл победа, а заедно со триумфот во дубл со својот брат Џејми, донесе недостижна предност од 3:1 што значеше и прв британски триумф во Дејвис купот од 1936 година.

Истовремено, Мареј го придодаде овој трофеј кон грен-слем триумфите и олимписката титула, а се вброи во друштвото на актуелните тениски ѕвезди со Дејвис куп триумф меѓу кои се и Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал.

Тој воедно е првиот тенисер со 8 сингл победи во една календарска година и само втор со 11 сингл и дубл победи во една календарска година по Иван Љубичиќ во 2005 година.

За тоа колку квалитетно одигра Мареј, сведочи и поенот со кој ја потврди победата.