Ирачката армија ги повика цивилите да го напуштат Рамади

Ирачката армија ги повика цивилите да го напуштат Рамади
Ирачката армија ги повика цивилите да го напуштат Рамади

Ирачката армија ги повика денеска цивилите да го напуштат градот Рамади, кој е под контрола на групацијата Исламска држава, што укажува дека наскоро може да почне операција за враќање на контролата врз него.

Во соопштението објавено од Ирачката државна телевизија, командата на армијата побара од семејствата од Рамади да го напуштат градот преку неговиот јужен кварт Химајра.

Се уште не е официјално потврдено дали ирачките власти ќе ја почнат долгоочекуваната операција за враќање на контролата во главниот град на провинцијата Анбар.

Меѓународната коалицијата, предводена од САД, во саботата изврши седум напади врз ИД во близина на Рамади.