Фицо: Грција треба да ја напушти Шенген зоната

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека треба да се почне да се разговара за тоа Грција да ја напушти Шенген зоната.

Како што објавија грчките медиуми, Фицо ова го изјавил вчера пред словачки новинари во авионот на пат кон Брисел, каде се одржа Самитот ЕУ – Турција.

– Верувам дека дојде време да ја исклучиме Грција од Шенген зоната. Грција едноставно не и припаѓа на Шенген зоната, бидејќи не е способна да ги заштити шенгенските граници, рекол Фицо.

Словачкиот премиер, како што јави дописникот на МИА од Атина, додал дека „сите во Европа неформално се убедени дека Грција не припаѓа во Шенген“, што, според него, е „само прашање на време“.