Валенсија остана без тренер – Нуно заработи отказ

“Лилјаците” по 13 средби во Примера имаат само пет победи, а управата е незадоволна од епилогот.

Плус, тие доживеаја елиминација од Лигата на шампионите, по што веднаш клубот спогодбено го раскина договорот со Нуно Еспирито Санто.

Како што тврди “Марка”, негов привремен наследник е Фил Невил, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед. Англичанецот ќе ја води екипата во Копа дел Реј против аутсајдерот Ласесаре.

Во редовите на Валенсија, Фил Невил работеше како асистент. Тој зад себе нема богата тренерска кариера. Како можни нови тренери на “лилјаците” се споменуваат Франк Рајкард и Мајкл Лаудруп.