Балкан

Железничка станица евакуирана поради заборавен ранец

Железничка станица евакуирана поради заборавен ранец

Бугарската полиција ги евакуираше сите присутни на Централната железничка станица во Пловдив, откако бил забележан оставен ранец во делот кај билетарниците.

Веднаш по примената информација за оставениот ранец, што се случило нешто по 10 часот по локално време (9 часот по средноевропско време), бил блокиран реонот околу станицата, биле евакуирани сите патници и вработени од објектот и бил запрен железничкиот сообраќај.

Набрзо по евакуацијата, на станицата се појавило 20-годишно момче кое изјавило дека ранецот е негов и дека го заборавил, по што наредбата за евакуирање била отповикана, а состојбата нормализирана.