Коби Брајант со емотивна порака: Драга кошарко, засекогаш ќе те сакам

Легендарниот 37-годишен бек во емотивно писмо ја информираше јавноста дека е подготвен да се збогува од кошарката.

Веќе неколку години наназад Брајант има проблеми со повредите, па беше само прашање на време кога ќе се одлучи на овој потег. Оваа сезона, без дилеми, е најслабата во неговата блескава 20-годишна кариера.

Драга кошарко,

Од моментот кога почнав да ги замотувам чорапите на таткоми и шутирам замислени шутеви за победа во големиот ’Форум’ знаев за само една работа – се заљубив во тебе. Љубовта е толку голема што ти дадов се, од мојот ум и тело до самата душа.

Играв и низ пот и болка. Не затоа што имав предизвик, туку поради твојот повик. Работев се само за тебе, затоа што такви работи работиш кога се чувствуваш жив, како што јас се чувствувам поради тебе. Му даде на едно шестгодишно момче сон, подарувајќи му ги и Лејкерси. Поради тоа секогаш ќе те сакам. Но, не можам уште долго опсесивно да те сакам. Оваа сезона е се што остана во мене. Моето тело знае дека е време за збогум.

И, тоа е ок. Подготвен сум да те оставам. Сакам да го знаеш тоа. Сакам да го знаеш, за да и двајцата уживаме во секој заеднички момент кој ни преостанува. Добар и лош. Засекогаш ќе те сакам, Коби, напиша, меѓу другото, во емотивното обраќање до јавноста Коби Брајант.


Брајант
во својата кариеа освои пет НБА титули, два пати беше МВП на финалето, еднаш МВП на сезоната. Беше и 17 пати учесник на Ол Стар викендот, четири пати МВП на Ол стар викендот, 11 пати беше избиран во најдобрата петорка на лигата, девет пати во најдобрата дефанзивна петорка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.