Да бидеме на висина на задачата што ја поставува глобалното затоплување

Американскиот претседател Барак Обама, денеска ги повоика лидерите од целиот свет „да бидат на висината на задачата“ што ја поставува глобалното затоплување на нашата планета, јави дописникот на МИА од Париз.

Во неговиот говор на светскиот самит за климата, чиј домаќин е Париз и на кој учествуваат 150 светски лидери, претседателот на вториот по големина емитер на гасови што го предизвуикуваат ефектто на стаклена градина, оцени дека нема конфликт меѓу развојот и заштитата на животната средина.