Доколку Македонија избори пласман во квалификациите за Рио, најверојатно ќе биде и домаќин

Челниците на РФМ пратиле официјално писмо до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) и до Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврдувајќи ја подготвеноста на Македонија да биде домаќин на квалификациите, секако, ако претходно се исполни и последниот услов за наш дефинитивен пласман.

Откако Катар победи победи на азиските квалификации и се пласира директно на Олимписките игри, за Македонија остана само уште последниот услов за место меѓу 12-те селекции кои е играат на три квалификациски турнири.

Исполнувањето на тој услов значи Европското првенство во јануари да го освои една од селекциите кои се пласираа пред Македонија на Светскиот шампионат во Катар минатиот јануари: Франција, Полска, Шпанија, Данска, Хрватска, Германија, или Словенија.

Трите квалификациски турнири ќе се одржат на почетокот на април 2016 година и веќе се знае дека, доколку Македонија се пласира ќе игра во група со Чиле, со Полска, или Шпанија како втора опција и со вицешампионот на Африка.

Според пропозициите на ИХФ, сите три турнири се одржуваат на три различни континента, според веќе утврдени правила, според кои Чиле требаше да биде сигурен домаќин на еден од тие турнири.

Меѓутоа на конгресот во Сочи, кој се одржа овој месец челниците на ИХФ и на ЕХФ охрабрија сите земји кои се во конкуренција за пласман на завршните квалификации да ја изразат својата намера во писмена форма. Тоа значи дека, како што веќе објавивме, ИХФ ќе го заобиколи правилото и Чиле сигурно нема да биде домаќин.