„Македонски манифест“: Новиот рамковен договор да се спречи, а Фејт да се прогласи за персона нон грата

Претстојната конференција за Рамковниот договор со Питер Фејт е обид да се финализира уништувањето на Македонија, оценуваат група интелектуалци кои го сочинуваат „Македонскиот манифест“.

Ефтим Клетников на денешната прес-конференција насловена „Да го спречиме уништувањето на Македонија и македонскиот идентитет“, истакна дека е јасна целта на сиот овој проект кој, вели, го води меѓународната заедница, а тоа е менување на македонскиот идентитет преку преименување.

На прес-конференцијата беше прочитана и пораката на „Македонски манифест“ со која, меѓу другото, се бара од државата по секоја цена да се спречи новиот рамковен договор, Фејт да биде прогласен за персона нон грата, да се врати самостојноста на државата преку враќање на Уставот од 1991 година и поништување на актите и законите донесени со Бадинтер. Воедно, од граѓаните се бара да ја поддржат Иницијативата до Уставниот суд за поништување на законите за Специјалното обвинитекстви и преодната влада.

– Македонскиот народ не може да биде жртва ниту на меѓународни уривачки притисоци, ниту поединчени политичари, ниту на партиски групации незаинтересирани за неговата судбина, затоа што тој со своето име, идентитет, јазик и традиции постоел и кога немало политички партии. Затоа ги повикуваме сите граѓани да бидат подготвени за борба дури и по евентуална капитулација на политичарите, велат од „Македонски манифест“.

На новинарско прашање посочија дека очекуваат сите етнички заедници да ја поддржат нивната иницијатива, а за тоа дали има пријатели Македонија, велат прво треба да се потпреме на сопствените сили и на нашата самодоверба, а потоа ќе дојдат и пријателите.