Бичиклиски: Поевтина вода од Скопје плаќаат само во Вевчани и Демир Хисар

Бичиклиски: Поевтина вода од Скопје плаќаат само во Вевчани и Демир Хисар
Бичиклиски: Поевтина вода од Скопје плаќаат само во Вевчани и Демир Хисар

Советниците од СДСМ и коалицијата на денешната седница на Советот во Грда Скопје, поднесоа иницијатива за намалување на цената на водата. Нивниот предлог е цената на водата да се намали за 30%, односно таа да изнесува 20,57 денари за домаќинства и 46,06 денари за правни субјекти.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски, смета дека начинот на кој советничката група на СДСМ побара точката да биде на дневен ред на денешната седница е крајно аматерски.

Со одлука на Градот од 2007 година со намалувањето на ддв-то, тоа веќе е извршено. Со одлука е намалена цента на водата на Град Скопје. Исто така, треба да знаеме дека ако направиме споредба, Градот Скопје во делот на цената за испорачана вода за домаќинствата до своите граѓани извршува вода со една од најниските цени, основната цена е 17,25 денари. Поевтина вода на територијата на РМ има само во Вевчани и Демир Хисар, а во сите останати градови цената е многу поголема од Скопје. На пример во Струмица цената е 31,2 денари, а на територијата на Град Скопје цената е 17,25 денари, значи се работи за скоро половина поевтина цена на вода која што ја користат жителите на Скопје. Истото тоа ако го направиме како споредба во регионот, ќе видите дека во сите останати градови од поранешна Југославија и од Балканот, цената на водата е за два пати, за три пати, а некаде и за 4 пати е поскапа од цената на водата која што ја користат граѓаните на Скопје. Истоа така, можеме да споредиме и колку е наплата водата во регионот. Граѓаните во Република Македонија во споредба со многу европски држави плаќаат најефтина вода за пиење, посочи Бичиклиски.

1850000led-2

Во однос на информациите кои ги изнесе опозицијата дека јавното претпријатие претрпува големи загуби со ненаплатувањето на водата која ја користи Рудници и железарница АД – Скопје, Бичиклиски потсети дека Советот на Град Скопје донел една одлука според која треба да се испита каков е тој договор направен со РЖ во 1971 година. А кога ќе се добие таа информација Градот Скопје понатаму ќе ги искористи сите правни дејства за решавање на овој проблем.

Имено, РЖ Скопје била инвеститор со сите дозволи од институциите на нејзино име, а Градот и ЈП „Водовод и канализации“ се приклучуваат како инвеститори 50-50% во периодот за 1971 година. Не станува воопшто тука тема на разговор дека ВМРО-ДПМНЕ е против наплатата на вода, туку ВМРО-ДПМНЕ ги почитува сите законски и правни акти, донесовме одлука на Советот, ја чекаме информацијата и кога ќе ја добиеме оваа информација ќе постапиме по истата, вели Бичиклиски.