петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 47

Над 120 Косовци кои војувале за Исламска држава се вратиле во Косово

islamskA DRZAVA

Поврзани вести

Над 120 косовски државјани, кои војувале на страната на Исламска држава, се вратиле во Косово, јави Танјуг, повикувајќи се на приштински медиуми.

Тоа го изјави портпаролот на косовската полиција Баки Келјани, истакнувајќи дека статистиката се однесува за луѓе, кои од 2011 учествувале во конфликтите во Сирија и во Ирак на страната на џихадистичката група.

Полицијата, разузнавањето и други служби за безбедност внимателно ги следат луѓето, кои преку различни периоди биле во Сирија или Ирак, а потоа се вратиле во земјата.

Мерките за безбедност во Косово беа подигнати на повисоко ниво по нападите во Париз, во кои беа убиени 130 лица.

Најчитани вести