Ова се предлозите на Ванхауте за Законот за медиуми

Предлогот на измените на Законот за медиуми на Питер Ванхауте, посредникот во разговорите за спроведување на договорот Пржино, предвидува целосна департизација и професионализација на Агенцијата за медиуми, транспарентна распределба на државните пари за владини кампањи и промена на моделот за казнување на телевизиите, пишува МКД.мк.

Претходно СДСМ предложувше строго партиски решенија за Агенцијата за медиумите и за МРТ. Бараше да постави свои директори кои ќе имаат право да затвораат медиуми, а за непослушните телевизии и весници, СДСМ ќе дава оценка дали известуваат неетички и необјективно и ќе следуваат казни и до 50 илјади евра.

Во фокусот на предлогот на Ванхауте е Агенцијата за медиуми – членовите на агенцијата би биле избирани од Собранието, на отворен повик. Секој што ќе сака да конкурира ќе мора да има поддршка или од една од новинарските асоцијации или од новинарскиот синдикат или пак од две невладини или два универзитета кои работат во дејноста. Предвидено е и јавно сослушување, кое би се емитувало на собранскиот канал. Членовите на советот на агенцијата предложено е да се избираат со двотретинско мнозинство. Претседателот на агенцијата ќе биде извршен орган, ќе ги спроведува одлуките на советот.

Казнени одредби се предвидени за содржината на емитуваната програма, а не и за формата. Одлуките за ова ќе ги носи советот, а не директорот на агенцијата.

Предвидени се и парични казни за ширење говор на омраза и пристрасно и навивачко известување.

Во однос на јавниот сервис МРТВ, предложено е тој да се финансира според моделот еден отсто од државниот буџет или околу 30 милиони евра.

Владините кампањи треба да се трошат транспарентно и според моделот – 50% за сите пет национални телевизии рамноправно и 50% според гледаноста. Тоа би требало…