Ова се предлозите на Ванхауте за Законот за медиуми

Тоа би требало да создаде терен за рамноправна и конкурентна позиција на телевизиите, се предвидува во предложенит закон на Ванхојт.

„Македонија не треба да ја препише регулативата од една конкретна европска држава, туку да направи комбинација која во најголема мера ќе соодветствува со потребите на медумската сфера во земјава“, рече Ванхауте, пишува МКД.мк.

Позициите на  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на Законот за медиуми

Позиции за МРТ

СДСМ: Програмскиот совет на МРТ да брои 13 члена, и тоа ЗНМ и МАН по еден, шест да ги предлага опозицијата, пет – власта. Директорот на МРТ да биде по предлог на опозицијата избран од Собранието. Директорот да може да именува уредници без согласност на Програмскиот совет.

ВМРО-ДПМНЕ: Да се зголеми бројот на членовите во Советот, и тоа по два члена да имаат ЗНМ и МАН, два члена да предлагаат верските заедници (но не свештени лица, туку некои што имаат искуство со медиуми, што е предлог по примерот на повеќе од 10 европски држави). Надлежностите на директорот да не се менуваат. Да има јавна расправа за годишната програма за работа пред таа да биде усвоена од Собранието. МРТ да има обврска за обука и професионализација на новинарите.

Сегашно решение: Советот брои 11 члена, и тоа по еден од ЗНМ и МАН, еден по предлог на турскиот театар, еден по предлог на албанскиот театар, еден по предлог на Унија на универзитетите, 5 по конкурс на Собранието. Директорот на МРТ се избира на јавен конкурс. Тој може да именува уредници само со претходна согласност на Програмскиот совет.

Позиции за Агенцијата за медиумите

СДСМ: Советот да брои седум члена, од кои по еден да имаат ЗНМ и МАН, три да предлага опозицијата, два да има власта. Директорот на Агенцијата да го избира Собранието по предлог на опозицијата. Тој да добие право сам да ја одзема дозволата за работа на медиумите и да забрани рекламирање одреден период. Ваквата одлука на директорот веднаш да биде спроведена.

ВМРО-ДПМНЕ: Бројот на членови во Советот да се зголеми со тоа што по два члена да добијат ЗНМ и МАН, еден Адвокатската комора, еден Интеруниверзитетската унија… Да постои законска можност за саморегулација на односите сопственик – уредник – новинари, а Агенцијата да ја помогне и да ја промовира ваквата саморегулација, а не и да ја наложува. Агенцијата да промовира право на одговор, исправка, жалба од јавноста за медиумски објави, но не и да одлучува или наложува на медиумот за нив. Да има јавна расправа за годишната програма на Агенцијата пред да биде усвоена од Собранието. Собранието еднаш годишно да расправа за состојбата со медиумските слободи со конкретни заклучоци темелени на актите на Советот на Европа за оваа проблематика.

Сегашно решение: Советот брои 7 члена, и тоа еден ЗНМ, еден МАН, еден ЗЕЛС, еден Адвокатската комора, еден Интеруниверзитетската унија, двајца Собранието со конкурс. Директорот на Агенцијата се избира на јавен конкурс, а го избира Советот на Агенцијата. Директорот е извршен орган, а сите одлуки ги носи Советот. Директорот може да предложи само одземање на дозволата за работа на медиум, одлуката ја носи Советот.

Kазни за медиумите за непочитување на правилата

СДСМ: до 50.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ: неколкукратно намалување во согласност со последното намалување на глобите за прекршоци во сите области.
Сегашно решение: 10.000 евра. Рок за договор: нема определен рок, а не се загрозени и изборите в година од аспект на правила за известување и рекламирање во изборна кампања имајќи предвид дека тие одредби се договорени со измените во Изборниот законик (неофицијална процена: од неколку дена до неколку недели), пишува „Дневник“.