ДИК го отфрли ветото на Наумов за задолжувањето

Државната изборна комисија (ДИК) не го прифати ветото на СДСМ што го стави дополнителниот заменик министер Кире Наумов. Со пет гласа „за“, стариот состав на Државната изборна комисија одлучи дека новиот заем нема да влијае на изборниот процес.

ДИК ја донела оваа одлука, бидејќи смета дек емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт поврзан со организација на изборите.

„Државната изборна комисија постапувајќи по барањето на министерот за финансии за донесување одлука согласно член 48 став 1 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, со мнозинство гласови од вкупниот број членови одлучи дека емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од страна на Министерството за финансии на домашниот пазар на хартии од вредност не претставува акт или документ кој се однесува на правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите. Одлуката на Државната изборна комисија е конечна“, се вели во соопштението од ДИК.

СДСМ за во 10 часот денеска најави итна прес конференцијата во врска со одлуката на ДИК со која се оспори ветото на Кире Наумов за задолжувањето на Владата.