Признание за Трајановски од Црвениот крст

Признание за Трајановски од Црвениот крст
Признание за Трајановски од Црвениот крст

Во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Црвениот крст на Град Скопје вчеравечер во театарот „Комедија“ на Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, свечено му беше врачено јубилејното признание – златен знак за долгодишната соработка и залагање. Јубилејни признанија добија и Ариф Мохамед, шефот на канцеларијата на УНХЦР, Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“, Саит Саити, почесен претседател на Црвениот крст и волонтерот Дејан Стојковски.

– Седум децении успешна мисија, седумдесет години работа врз основа на универзалните принципи, за промовирање мир и толеранција, превенција и навремена и соодветна поддршка за ранливото население. Преку бројни активности за помагање на најранливите категории граѓани, едукации на младите, но и возрасните, па се до големи хуманитарни акции, Црвениот крст го трасираше својот пат кон хуманоста и ја стекна довербата на граѓаните. Сите ние сме особено горди на оваа организација која секогаш е присутна во областите во кои најдобро делува, а тоа се солидарноста, хуманитарноста, подигнувањето на индивидуалното чувство за одговорност и преку личен пример поттикнува на акција. Оваа организација настојува да им пружи помош и заштита на сите оние кои страдаат, во наша близина или некаде подалеку, при тоа секогаш водена од нејзините хумани идеали кои наоѓаат свој конкретен израз во делата. Ние и понатаму заеднички ќе продолжиме да ги следиме вистинските потреби на граѓаните, ќе работиме на подигање на свеста на граѓаните и на зголемување на сензитивноста, разбирањето, почитувањето на различните од себе и меѓусебното помагање и поттикнување луѓето да дејствуваат хумано. На сите вработени и активисти на Црвениот крст на Град Скопје и на Црвениот крст на Република Македонија, им пожелувам големи успеси во понатамошната работа на промовирање и унапредување на хуманоста и почитување на хуманитарните принципи како и досега, рече градоначалникот Трајановски.

trajanovski1

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, во театарот „Комедија“ беше прикажана претстава што ја изведоа волонтерите од Клубот на младите при скопскиот Црвен крст.

trajanovski3

trajanovski5

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.