вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 16

НБА: Голден Стејт стигна до 19:0 – се впушта во потера по рекордот на Лејкерси

Голден Стејт Вориорс продолжува со извонредните игри на стартот од сезонава, во која актуелниот првак ја забележа и 19-та победа во низа.

nba222

Поврзани вести

“Воините” синоќа со 103:106 славеа на гостувањето против Јута Џез, продолжувајќи ја одличната серија и покрај мотивираната игра на домаќините.

Имено, Јута одлично му парираше на шампионот, но сепак немаше одговор за Стеф Кари, кој ја погоди клучната тројка при резултат 101:101 на почетокот од последната минута.

Кари постигна десет поени во последните шест минути од мечот, ја заврши средбата со 26 поени, а имаше соодветна помош од Томпсон и Грин, кои придонесоа со по 20 поени во овој триумф.

golden-stejt-rekord

Голдент Стејт се наоѓа во серија од 23 победи во низа во регуларниот дел од сезоната во НБА-лигата (се вбројуваат победите од финишот на ланската и почетокот на оваа сезона), па сега “воините” го бркаат рекордот на Лос Анџелес Лејкерс од сезоната 1971/72, кога “езерџиите” нанижаа неверојатни 33 победи.

НБА Резултати:

Мајами – Бостон 95:105
Детроит – Хјустон 116:105
Атланта – Оклахома 106:100
Чикаго – Сан Антонио 92:89
Милвоки – Денвер 92:74
Јута – Голден Стејт 103:106
Сакраменто – Далас 112:98
ЛА Клиперс – Портланд 102:87

Најчитани вести