Магазин

Домашен чипс кој ги топи масните наслаги

Домашен чипс кој ги топи масните наслаги

Познатата поговорка вели дека летната форма се постигнува во текот на зимата. Но, секој од нас знае колку е тешко да се одолее на чипсот, особено во зимскиот период, кога обожаваме да се стуткаме под покривка и да го гледаме омилениот филм.

Меѓутоа, грицките не мора да бидат масни и нездрави – напротив, може да ви помогнат да ослабете. Воедно вкусни се!

Станува збор за чипс од кељ, кој многу едноставно можете да го подготвите уште денеска.

Се што ви треба е кељ, маслиново масло и сол.

Начин на подготвка:

Убаво измијте го кељот и оставете го да се исуши. Со помош на кујнски ножици исечете го секој лист на помали парчиња, а средината не ја употребувајте бидејќи е премногу горчлива. Парчињата кељ ставете ги во пластична чинија и прелијте ги со маслиново масло. Секое парченце треба да има масло на него.

Во тепсија ставете јартија за пеење, а потоа на неа распоредете ги ливчињата кељ. Врз нив наросете сол, но не претерувајте.

Загрејте ја рерната на 150 степени, а ливчињата кељ печети ги 8-12 минути. Се зависи од видот на кељ кој го користите. Затоа е потребно постојано да ја проверувате рерната. Извадете го кељот кога ќе забележите дека е крцкав.

Пред да го пробате чипсот оставете го да се излади. Можеби на почеток вкусот ќе ви биде чуден, но во секој случај овој чипс е одлична замена за купените грицки и секако неспоредливо поздрав.