МОН доделува шест стипендии за млади истражувачи

МОН доделува шест стипендии за млади истражувачи
МОН доделува шест стипендии за млади истражувачи

Министерството за образование и наука објави  конкурс за доделување на шест стипендии за млади истражувачи од Македонија, за кратки студиски престои (од 1 до 3 месеци) на соодветни високо образовни и научно – истражувачки институции во Велика Британија, за 2016 година.

Средствата кои ги покриваат трошоците за сместување и исхрана, ги обезбедува Британскиот фонд за стипендии и истите изнесуваат 915 фунти месечно за престој во Лондон, односно 800 фунти месечно за престој во другите градови.

Сите подетални информации за условите, критериумите, потребните документи и обрасци за аплицирање, може да се најдат на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука на Република Македонија www.stipendii.mon.gov.mk, како и на интернет страницата на Британскиот фонд за стипендии  www.britishscholarshiptrust.org.

Апликациите се поднесуваат до Министерството за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје, Сектор за наука и технолошки развој, а крајниот рок за аплицирање е 31 март 2016 година.