ВМРО-ДПМНЕ: Срамни и недолични се намерите на СДСМ да се пресмета со медиумите

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува денешниот обид на Зоран заев и СДСМ да ја укинат слободата на говор прогласувајќи ги медиумите за непријатели и да ја укинат слободата на деловно одлучување со закани и предупредувања кон банките кои би учествувале во аукцијата на државните записи, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес манифестираа невидена дрскост и деструктивност.

Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес се обидоа да им се одмаздат на земјоделците, пензионерите, социјалните случаи и другите категории на граѓани преку директно мешање во деловната политика на банките.

Тие им се заканија на банките дека мора да го следат диктатот од Бихаќка бидејќи партијата имала во иднина и други механизми како да ја влијае врз нивното работење. На мултимилионерот Зоран Заев и на СДСМ не им е грижа ниту за здравствените работници, ниту за полицијата, ниту за војската.

СДСМ функционира единствено со максимата „колку полошо за државата и граѓаните, толку подобро за СДСМ“. Република Македонија е четврта најниско задолжена земја во Европа и пред влегувањето на СДСМ во власта не постоеја никакви проблеми при исплатата на обврските на државата кон сите групи на граѓани.

Зоран Заев постави свои министри и заменици министри во пет ресори и граѓаните веднаш ја гледаат разликата. Блокади, проблеми и деструкција. Тоа е СДСМ.

Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ денес ги открија намерите зад фашистичкиот предлог на Закон за медиуми. Медиумите биле непријатели на Заев и СДСМ и затоа партијата требала да се пресмета со нив.

Срамно и недолично, посочуваат од владејачката партија.

Воедно, ВМРО ДПМНЕ бара Заев и СДСМ да ги остават банките и медиумите и да престанат со закани кон секој што не ја споделува нивната деструктивност.

Мултимилионерот Зоран Заев и СДСМ и Заев имаат уште само 144 дена да се скараат со целиот свет и со самите себе. Бидејќи одамна му се скараа на народот, на 24 април веќе ќе немаат со кого да се караат. Тогаш збор ќе има народот, по 10-ти пат по ред. И оваа деструктивност на СДСМ ќе биде казнета, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.