понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Црно на бело: Саша Богдановиќ земал 2.000 евра месечнa плата

Богдановиќ, во текот на неговото долго излагање, избегнуваше да одговори на прашањето дали во месец јули 2015 на негова сметка легнале 2.000 евра и држеше долг политички говор, на кој што реагираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Црно на бело: Саша Богдановиќ земал 2.000 евра месечнa плата

Црно на бело: Саша Богдановиќ земал 2.000 евра месечнa плата

Поврзани вести

На вонредната седница на Општина Центар на која на барање на советничката група ВМРО ДПМНЕ се дискутираше за енормно високата плата која ја добивал директорот на Паркинзи Центар и водено прв човек на СДСМ Центар Богдановиќ, се бранеше дека доколку било точно дека тој земал дури две илјади евра примања тој ќе си поднел оставка, објави „Курир“.

Овој официјален документ покажува дека Директорот Саша Богдановиќ земал секој месец речиси 2 илјади евра плата зголемена за додатоци кои му се препишани.

Јасно се гледа од пресметките кои ги објави преку соопштение општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар дека Богдановиќ за месец јуни земал плата и додатоци од 119 илјади денари.

Тоа сумата на пари која ги чини центарци за неработа, нефункционирање и неквалитетно обавување на услугите на ова претпријатие.  Бидејќи сега има непобитен доказ и доколку Богдановиќ си стои на зборот се чека оставка од директорското место на ПОЦ Центар.

Богдановиќ пред советниците на Општина  Центар денеска кажа дека ќе си поднесе оставка.

-Јас еве јавно кажувам дека ако докажете дека јас земам 2.000 евра плата јас лично ќе си поднесам оставка од директор, заедно со Вангел Андревски за кој тврдите дека зема 1.500 евра плата, рече Богдановиќ.

Инаку директорот на ПОЦ, Саша Богдановиќ, во текот на неговото долго излагање, континуирано избегнуваше да одговори на прашањето дали во месец јули 2015 на негова сметка легнале 2.000 евра и држеше долг политички говор, на кој што реагираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

-Морам да го искажам моето жалење затоа што дефинитивно се изнаслушавме се и сешто, само она што требаше да го слушнеме не го слушнавме, а тоа е, повторно ќе повторам јасно и гласно- дали во седми месец 2015 година Саша Богдановиќ, директор на ЈП Паркинзи на општина Центар има добиено по основ на личен доход 119.000 денари, а неговиот заменик Вангел Андрески 90.000 денари, рече советникот Томислав Лазаров.

-Уште на почеток кога го зема говорот ценетиот директор, многу ми беше чудно што настапи, не како директор на јавно претпријатие, туку настапи како претседател на општинска организација, значи се кажа, се изнакажа само за она за што беше прашан не даде одговор. Се рашири темата се оддржа еден партиски говор како за претседател на општинска организација, се изнакажаа многу работи и апсолвирани и потрошени, подвлече Трпески Сашо.

sasa1

Советникот Илиовски Илија му посочи на Богдановиќ дека се уште се чека на вистински поткрепен, со правни документи одговор на прашањето: Колку се реалните примања на господата менаџери ма ЈП Паркинзи на Општина Центар.

-Апелирате  на транспарентност, а истото не го почитувате. Јас како советник имам право да побарам информации од вас како директор на Јавно претпријатие. Јас имено културни ви доставив барање потпишано од мене како советник, за пристап на информации со неколку прашања во однос на финансиите и од вас добивам цинизам и потценување во кое ми враќате дека немате обврска да ми одговорите на истите. И цинизмот да биде поголем , со спајалица ми го доставувате истиот тој 6 месечен извештај, подвлече советничката Елена Петковска, во присуство на сите советници, лично на рака на Богдановиќ уште еднаш му го достави тоа барање.

 

Најчитани вести