„Курир“: Лажните борци за медиумска слобода го покажаа вистинското лице!

сите државни институции.

Истото веројатно би се случувало и доколку СДСМ повторно дојдат на власт, а денешната изјава на Заев е само потврда за тоа. Сегашниот лидер, кој претходно беше потпретседател на партијата изјави дека ако победат на избори, живи луѓе ќе јадат после тоа.

– Велат вие сте меки луѓе. Вие заборавате и кога ќе дојдете на власт, ќе бидете истите. Живи луѓе има да јадеме после тоа! Новиот концепт, кој сé повеќе ќе го слушате, ќе значи намалување и целосно кастрење на администрацијата, од една страна ќе значи и отворање на наши работни места, за нашите луѓе… ако сме успеале во ова време сите наши активисти да ги згрижиме со минимум барем еден член од нивното семејство, сега поминавме во фаза да ги згрижиме и нивните братучеди… Свесни сме дека ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер во секој ресор од државата и така имаме намера да ја водиме Република Македонија – изјави Заев.

Неполн месец откако СДСМ стана дел од власта, Заев веднаш почна да се расфрла со закани и скандалозни етикетирања. Откако не успеа да го блокира исплаќањето на пензиите, платите и социјалната помош, Заев денеска излезе со отворени закани кон банките и медиумите.  Експертите многу пати досега предупредуваа дека ваквото однесување на т.н. “борци за слобода“ лесно се разоткрива и на тој начин тие нанесуваат директна штета на демократскиот развој.

Проф. Д-р Тања Каракамишева- Јовановска смета дека некои луѓе во СДСМ демократијата и слободата  ја сфаќаат на начин кој нема никаква допирна точка ниту со едното ниту со другото. Зборуваат за демократија и за потребата во РМ да се создаде поголем простор за слободно изразување на различните ставови и мислења на граѓаните, а всушност го практикуваат токму спротивното.

-На перо се многу силни и слободоумни, посебно кога треба да го бранат својот интерес, а во пракса се диктатори од најлош вид, посегнуваат по разни облици и методи на сатанизација на личноста која не мисли како нив. Од борбата за човекови права прават борба за себепромоција и борба за своите најалчни интереси. Не веруваат во искрената мисла на другиот, не веруваат во другиот воопшто, зошто не веруваат во себе и во сопствената способност да го толерираат другиот, ако веќе не знаат да се натпреваруваат со неистомисленикот. Не знаат вистински да го слушнат и промислат мислењето на другиот зошто се научени да се слушаат само себе си. Тој концепт на самобендисано “удирање во демократските гради”, со  лицемерна злоупотреба на терминот борба за подобро утре на сите не може а да не не потсети на едно минато време полно со демагогија и лажни вредности. За среќа, новото време ги препознава старите флоскули и ги отфрла како страно тело, како стара маска од маскенбал, ќе изјави во една прилика универзитетската професорка.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги откри намерите зад тоталитарниот предлог на Законот за медиуми

ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува денешниот срамен обид на Заев и СДСМ да ја укинат слободата на говор прогласувајќи ги медиумите за непријатели, реагираа денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Мултимилионерот Заев и СДСМ денес ги открија намерите зад тоталитарниот предлог на Законот за медиуми. За Заев и СДСМ медиумите биле нивни непријатели и затоа партијата одлучила дека треба да се пресмета со нив. Ова однесување на СДСМ и Зоран Заев е срамно, крајно недолично, недемократско, спротивно на сите европски стандарди и конвенции за слобода на изразување и слобода на информирање, изјави пратеникот Александар Николоски.

Владејачката партија побара од Заев и СДСМ да ги остават банките и медиумите на мира и да престанат со заканите кон секој што не ја дели нивната визија за Македонија која може да се сублимира во еден збор – деструктивност.