недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 33

Продажба на државни хартии од вредност – пазарен инструмент што го користи развиениот свет

Воведување во 2004-та година на државни хартии од вредност и продажбта на истите како финансиски инструмент според професорот е општо познат во развиениот свет, особено во западните економии кадешто државата по потреба се финансира со распишување емисии на државни хартии од вредност, било во форма на благајнички државни записи или во форма на обврзници, со цел обезбедување средства на финансискиот пазар за финансирање на буџетските потреби.

Продажба на државни хартии од вредност – пазарен инструмент што го користи развиениот свет

Продажба на државни хартии од вредност – пазарен инструмент што го користи развиениот свет

Последни вести

Министерството за финансии на денешната аукција продаде државни хартии во вредност од 4,47 милијарди денари или 73 милиони евра. Во врска со реализираната аукција свој коментар дадоа универзитетскиот професор Томе Неновски, како и директорот на Шпаркасе банка Глигор Бишев.

Во изјава за Лидер.мк Неновски денешната аукција ја оценува како една од вообичаените кои редовно ги одржува Министерството за финансии за обезбедување доволна ликвидност за финансирање на тековните буџетски потреби и еден дел за покривање на буџетскиот дефицит

-Нешто што јас мислам беше планирано и веќе кога се донесуваше буџетот за 2015 година. Треба да се има во предвид дека секоја аукција во основа има прво задолжување, меѓутоа после задолжувањето државата оди кон раздолжување од страна на државата спрема банките врз основа на издадени запишани државни записи во претходниот период. Према тоа задолжување и заради раздолжување и ако остане некој дел, евентуално заради дофинансирање на буџетските потреби, вели Неновски.

Воведување во 2004-та година на државни хартии од вредност и продажбта на истите како финансиски инструмент според професорот е општо познат во развиениот свет, особено во западните економии кадешто државата по потреба се финансира со распишување емисии на државни хартии од вредност, било во форма на благајнички државни записи или во форма на обврзници, со цел обезбедување средства на финансискиот пазар за финансирање на буџетските потреби.

-Тоа го имаат речиси сите западни држави, пред се САД, коишто имаат и највисок буџетски дефицит, а кој во најголема мера го финансираат со издавање на т.н “треџери билс“ или државни записи. Па според тоа исклучително пазарен инструмент е којшто го користат пазарните економии, па и ние веќе 11-та година го користиме, којшто може да послужи и за финансирање на буџетските потреби, меѓутоа и за постепено развивање на пазарниот капитал во Македонија, каде што тие записи тие обврзници би се нашле на листингот на котирани хартии од вредност со кошто ќе може да котира секој којшто е заинтересиран за тоа, додава Неновски.

Во однос на тоа кој може да го им го ограничи правото на банките да купуват хартии од вредност, Неновски вели дека според прописите според правилата, меѓународните стандарди, нема никој освен банките, освен нивното собрание, нивните акционери, банките се профитни институции и тие секогаш бараат начин на финансискиот пазар да инвестираат во оние инструменти во коишто ќе им донесат одреден профит во дадена ситуација.

-Според тоа во Македонија не постои инструмент, не постои институција којашто ќе може да им забрани да купуваат хартии од вредност, па би рекол дури и НБРМ, која е единствено надлежна за контрола супервизија на банките и за регулирање на нивното работење не може да им го наложи тоа, затоа што ограничувањето на запишување државни записи во оваа ситуација практично значи атак врз пазарноста на економијата, врз нејзината функционалност, меѓутоа атак и врз профитабилноста на банките. Во спротивна ситуација тие би требало вишокот на ликвидност, а го имаат во огромна количина денеска да го пласираат во лоши пласмани. Никој во оваа држава не би сакал да ги види банките во таква ситуација, да кредитираат проекти, да имаат лоши пласмани во растечка големина, коишто еден ден би ги донеле во една банкрот ситуација. Да не заборавиме банките се најздравото ткиво во Македонија во овој момент, да ја задржиме таа здравост, додава Неновски.

Бишев вели дека банките си имаат своја деловна политика и тие носат одлуки.

-Сите банки од ЕУ имаат лимити за тоа колку можат да бидат изложени кон државата. Меѓутоа, банките не се единствени купувачи на хартии од вредност, тука се инвестициските и пензиските фондови, како и компаниите и граѓаните, и од тој аспект функционирањето на пазарот на капитал и неговата стабилност е од битно значење.Ние кој што имаме групации имаме лимити на ниво на групација, а потоа и на ниво на Република Македонија и тоа зависи од нивото на ликвидноста и од нивото на капатилот на банките, меѓутоа наша приоритетна цел е пред се да инвестираме во кредити на стопанството и на населението бидејќи сепак изворите на нашите средства се депозитите од населението и претпријатијата во Република Македонија, додава Бишев.

 

Најчитани вести