четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 55

„Монтанте груп“ ќе почне да гради фабрика во Бунарџик

Фабриката ќе се гради во неколку фази на локацијата со површина од 49 илјади метри квадратни, а во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија.

„Монтанте груп“ ќе почне да гради фабрика во Бунарџик

„Монтанте груп“ ќе почне да гради фабрика во Бунарџик

Последни вести

Италијанската компанија „Монтанте груп“ која произведува механички делови влегува во Македонија. Во првата фаза, ќе инвестира 10 милиони евра и ќе вработи 100 лица. Во јануари идната година ќе почне изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 1 – Бунарџик. Се очекува објектите да бидат готови до крајот на мај или јуни наредната година по што ќе почне монтажата на опремата и обуката на лицата што ќе бидат вработени.

Инаку, премиерот Никола Груевски уште на 27 јули минатата година ја најави новата инвестиција.

-Компанијата планира да произведува амортизери за возови, шински возила, за камиони и за други товарни возила. Има долга традиција во оваа работа, покрива многу пазари, присутна е речиси на сите континенти и во Македонија сака да отвори нов капацитет, односно проширување на досегашните капацитети што ги има, значи не се работи за селење на некоја фабрика туку отворање на комплетно нова фабрика, рече тогаш Груевски.

По денешната средба со премиерот, договорот за реализација на инвестицијата го потпишаа Клаудија Нидро од Монтанте груп и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.

4445000index

Фабриката ќе се гради во неколку фази на локацијата со површина од 49 илјади метри квадратни, а во првата фаза е предвидено да бидат вработени 100 луѓе кои ќе бидат оспособени за производство со висока технологија.

– Се одлучивме да ја комплетираме оваа инвестиција не толку поради државната помош, туку заради вниманието што им го дава Владата на сите фирми кои инвестираат тука за развој, рече претседателот на Монтанте груп, Антонио Монтанте по потпишувањето на договорот.

Монтанте нагласи дека една од причините што инвестирале во Македонија е што ќе бидат поддржани во процесот на истражување.

– Бевме на чекор во правење на инвестиција во една друга држава, но благодарение на Дирекцијата на ТИРЗ и атрактивноста што ни ја понудија тука, се решивме да дојдеме во Македонија. Изградбата на фабриката во Македонија не претставува едноставна инвестиција за државата, туку позитивен импакт на ноу-хау. Се работи за производство со висока технологија и затоа ќе обрнеме големо внимание на обуката на луѓето кои ќе бидат вработени, додаде Монтанте и посочи дека инвестицијата веќе беше најавена пред неколку месеци и се заблагодари за поддршката од Владата и Дирекцијата за ТИРЗ. Најави дека ќе се потруди да донесе и нови инвеститори во Македонија.

222500index

Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо истакна дека во првата фаза се предвидува да бидат инветирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број да се зголеми на 350 до 400.

– Компанијата ќе произведува софистициран производ од најновата и најнапредната технологија и се очекува извозот веќе во првата фаза да надминува 30 милиони евра годишно, рече Мизо.

333500index

Тоа, како што нагласи, дополнително ќе го подобри економскиот и трговскиот баланс на државата.

Монтанте груп е една од првите три компании во Европа за производство на високо софистицирани амортизери за возови, шински возила, камиони и автобуси, а нивната компанија во Македонија ќе функционира под името „Јуроп шок апсорберс“ и веќе е регистрирана. Мултинационалната италијанска компанија има 2.300 вработени и годишен обрт од 800 милиони евра.

-Некаде во рамките на месец јануари се очекува со започнување со градежните активности, кои треба да завршат некаде кон крајот на мај или почетокот на јуни идната година. Истовремено ќе се започне и со обуката на вработените во оваа прва фаза.

 

Најчитани вести