80 компании нудат работа на Саем за вработување во Скопје

Овој четврток на 3-ти декември, вториот караван ќе биде затворен со големиот Саем за вработување во Скопје, во нашата најголема национална арена СЦ Борис Трајковски.

По примерот на светските трендови, со Саемитe за вработување им се дава можност на сите невработени луѓе од нашата држава, особено на младите, да дознаат што точно се бара на пазарот на труд и можност да остварат близок контакт со компаниите кои нудат работа и да аплицираат со свое CV за посакуваната работна позиција. Освен тоа, невработените граѓани на секој саем имаат можност да остварат контакт лице во лице со сите претставници од најголемите работодавци во нашата држава кои ќе понудат работа и да ги дознаат сите потребни информации кои ќе им помогнат во вработувањето и создавањето на кариера.

Во четврток повеќе од 80 компании ќе понудат работа на Саем за вработување во Скопје кој започнува во 11:00 часот во СЦ Борис Трајковски. Вториот караван од Саемите за вработување кои што се во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија, понуди многу нови можности за вработување на невработените, а воедно и за активните баратели на нови работни позиции.

На Саемот, ќе бидат застапени компании од различни категории, се со цел овозможување богата понуда за што поголем број профили и струки. Во состав на саемот, посетителите ќе можат да слушнат и интервјуа со претставници на истите, кои ќе се одвиваат на главната сцена.

За истакнување е фактот дека првиот караван од Саемите за вработување се одржа во октомври, минатата година, во СЦ Борис Трајковски, каде на огромно задоволство многу невработени луѓе најдоа работа и веќе работат во големите компании кои понудија работа.

На свеченото отворање на саемот во Саемот во Скопје, ќе присуствува Влатко Поповски, Директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија.