Героски повторно го повикува СДСМ да ги бојкотира изборите во април

Последните резултати од анкетите кои СДСМ ги добиле деновиве си го сторија своето. Уредникот на соросовите Плусинфо и Слободен Печат Бранко Героски како и пред претходните избори, повторно го повикува Зоран Заев и СДСМ да не излезат на соочувањето со граѓаните закажано за 24 април идната година, пишува „Денешен.мк

Во текст објавен на„Плусинфо“, Героски повикот за бојкот на изборите го оправдува со тоа дека денешното задолжување преку аукцијата на Министерството за финанси значело изборна корупција.

„Зоран Заев вчера ја погоди целта. Ако итно не се спречат задолжувањата заради изборната корупција и ако до крајот на декември не се забележи видлов напредок на медиумите во насока на нивно ослободување од стегите на режимот, изборите во април 2016 година нема да бидат регуларни. Точна и прецизна дијагноза. После која, да се прашувам јас, би требало да уследи и јасен и прецизен услов – СДСМ нема што да бара на нерегуларни избори. “ – пишува Героски во текстот објавен на Плусинфо.

„Начинот на кој Никола Груевски победува на сите избори, од 2006 година до денес, не се грубите фалсификати, иако има и такви. Не, марифетот е непреченото и безобразно трошење пари позајмени од странски и од домашни банки – пари кои утре народот треба да ги враќа! – пишува Героски.

Ваквиот повик на Героски е вистинско дежаву за сите кои ја следат македонската политичка сцена. Героски повикува на бојкот на секој изборен процес уште од 2013 година и тоа токму во оној момент кога на Бихаќка ќе стане јасно дека партијата ја чека нова катастрофа на изборите, пишува „Денешен.мк“.

geroski-s

По овој повик на Героски објавен пред последните парламентарни избори, СДСМ доживеа исторски изборен дебакл изразен со 200.000 гласа разлика.

Експертите велат дека ваквите повици доаѓаат по серијата објавени анкети на најугледните рејтинг агенции и институти како Брима Галуп и ИРИ кои покажуваат дека рејтингот на Заев забрзано тоне, а ист тренд бележи и партискиот рејтинг.

Експертите уште одамна предупредија дека СДСМ ќе стори се за да не излезе на изборите. Искуството од минатото вели дека првиот чекор на СДСМ е повикот на Героски за бојкот на изборите, по што ќе следат слични повици и од останатите опозициски „експерти“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.