четврток, 22 декември 2016  |  Вести денес: 44

Тодоров на пошумување во Виница

Ова е веќе традиција на пошумување во Република Македонија. Ме радува фактот што во оваа акција се вклучени сите граѓани во државата, изјави Тодоров.

Тодоров на пошумување во Виница

Тодоров на пошумување во Виница

Последни вести

Во рамки на акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“ во Виничко денеска се пошумуваше на површина од 12 хектари, при што беа засадени 51.000 садници од црн и бел бор. Во акцијата за засадување дрвја во Виница учествуваше министерот за здравство Никола Тодоров.

Ова е веќе традиција на пошумување во Република Македонија. Ме радува фактот што во оваа акција се вклучени сите граѓани во државата, изјави Тодоров.

Според градоначалникот на Виница, Емил Дончев 90 отсто од засадените дрвца во досегашните акции од денот на дрвото се составен дел на шумскиот фонд во општина Кочани.

Во Кочани се пошумуваше во атарот над фабриката за вода на површина од 4 хектари, беа засадени 12.000 садници од чемпрес и багрем. Во акцијата во Кочани учествуваше и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова.

Во општина Зрновци се пошумуваше на теренот кај меноста Патилово, ерозивен терен над населбата. Засадени се 2.000 садници од бор и чемпрес. Во општина Чешиново Облешево се засадени 2.500 садници од црн и бел бор во атарот на влезовите на населените места, како и во парковите и училишните дворопви.

Најчитани вести