четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Андревски: Ако АРМ не може да се справи со бегалците, да се ангажираат и резервистите

Од Армијата велат дека за сега не се размислува за ангажирање на резервниот состав.

Поврзани вести

Ако активниот професионален состав на АРМ не може да се справи со безбедносната состојба предизвикана од напливот на бегалци, треба да се ангажира резервниот состав, смета пензионираниот генерал Драган Андревски. Тој тврди дека главниот проблем е бројноста на армијата бидејќи со професионализацијата намален е бројот на припадници на АРМ, објави „Телма“.

Андревски по дебатата на клубот на генерали како претседател на здружението оцени дека постои ризик за нарушување на безбедносната состојба особено во вакви геостратешки моменти на блискиот исток, но смета дека состојбата во Македонија е под контрола иако со бегалскиот бран може да се протнат и терористи и обучени офицери и војници.

Од Армијата велат дека за сега не се размислува за ангажирање на резервниот состав. Тврдат дека АРМ е ангажирана согласно потребите на терен и дека соодветно одговара на предизвиците.

 

Најчитани вести