„Гентерм“ во Прилеп ќе отвори нови 2.000 вработувања

„Гентерм“ во Прилеп ќе отвори нови 2.000 вработувања
„Гентерм“ во Прилеп ќе отвори нови 2.000 вработувања

Отворање нови 2.000 директни вработувања, како и голем број индиректни вработувања преку можноста за соработка на локални компании ќе овозможи отворањето на фабриката на , американска инвестиција од 20 милиони евра. Ова го истакна премиерот Никола Груевски по денешната обиколка на објектот на фабриката на Гентерм – светски гигант од автомобилската индустрија во ТИРЗ Прилеп, чија изградба е во завршна фаза.

Точно пред три години истиот овој месец во 2012 година бевме тука и го означивме почетокот на изградба на ТИРЗ Прилеп. Уште тогаш најавив дека по својот опфат и карактер оваа зона е предвидено да прими инвеститори од поголем калибар кои ќе отворат и поголем број работни места. Уште тогаш ветив дека Прилеп, Битола, Ресен и околните населени места тука ќе добијат простор кој ќе привлече голем број заинтересирани инвеститори, а ние како Влада напорно ќе работиме во таа насока. Како што ветив така работевме и она што го ветив пред три години денес се остварува во пракса, подвлече премиерот Груевски.

Тој потсети дека процесот на преговори со компанијата започна во 2014 година, како и дека Македонија беше само една од земјите кои инвеститорот ги разгледувал како можна дестинација за инвестирање.

Најважната причина да се решат за Македонија биле инвестициските можности кои им ги понуди Владата, како и достапноста до добро образована работна сила. Тоа е уште еден доказ дека инвестициските можности на државата се одлични и дека оваа Влада прави се што може да ги привлече инвеститорите да дојдат во Македонија, а резултатот е пред нас, подвлече премиерот Груевски.

Посочи дека првите 350 луѓе се веќе вработени и се на обука во фабриката на Гентерм во Украина.

genterm-prilep1

Производите ќе бидат наменети за