сабота, 19 август 2017  |  Вести денес: 36

14 жртви во нападот во Калифорнија

sad

Поврзани вести

Најмалку 14 лица се убиени, а 17 ранети во напад врз регионален центар за лица со инвалидитет во Сан Бернандино во Калифорнија.

Двајца осомничени се застрелани од страна на полицијата, а по третото лице се трага.

Според американски медиуми, полициската акција траела 4,5 часа.

Портпаролка на полицијата во Сан Бернандино, изјави дека третиот осомничен е во бегство. Десетммина од ранетите се во критична состојба, јави Си-Ен-Ен.

Според Ен-Би-Си, нападот се случил во момент на прослава во сала за конференции во регионалниот центар Инленд за лица со инвалидитет во Сан Бернандино.

Еден од осомничените за нападот врз социјален центар во Сан Бернандино во Калифорнија, е идентификуван како Саид Фарук, јави Ен-Би-Си. Според извори во полицијата, медиумот наведува дека вториот осомничен е негов брат. Идентитетот на третиот напаѓач не е соопштен. Федералните власти засега не го оквалификуваа нападот како терористички акт.

Најчитани вести