петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

Туск: Бегалците под надзор до 18 месеци пред да добијат дозвола за влез

Доколку сакате да ги надгледувате мигрантите и бегалците, потребно ви е повеќе време од една минута земање отисок од прст. Во меѓународното право, како и во европските закони го има тоа правило од 18 месеци, како време за надзор кое ни е потебно, рече Туск во интервју за британскиот весник „Гардијан“ .

Donald Tusk

Поврзани вести

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека бегалците, кои пристигнуваат во Европа, пред да им биде одобрен влез, би требало да бидат задржани до 18 месеци во прифатните центри, со цел во тој период да може да се провери дали претставуваат терористички и безбедносен ризик.

– Доколку сакате да ги надгледувате мигрантите и бегалците, потребно ви е повеќе време од една минута земање отисок од прст. Во меѓународното право, како и во европските закони го има тоа правило од 18 месеци, како време за надзор кое ни е потебно, рече Туск во интервју за британскиот весник „Гардијан“ и за уште пет европски весници.

Туск оцени дека таквата контрола би ја намалила и подготвеноста на бегалците и мигрантите да заминат на макотрпниот пат кон Европа.

– Денес пристапот до Европа едноставно кажано е мошне лесен, изјави поранешниот полски премиер

Најчитани вести