Потребна е помош за да се изгради Христијанска кула со светлосен крст во тетовско

Потребна е помош за да се изгради Христијанска кула со светлосен крст во тетовско. Организацијата „Христијанско Братство“ започна со изградба на Христијанска Камена Кула, и на чиј врв ќе биде поставен светлосен крст со димензии 6х4 метри во срцето на Полог, под Шара и Сува Гора.

Целта ни е, сите заедно и сплотени да изградиме Христијанска Камена Кула и Светиот крст  да биде темелник чувар на нашата вера во тетовско и пошироко, велат од организацијата.

Светата Христијанска Камена Кула се гради на влезот во Општина Брвеница, Тетово на многу прегледно и достапно место.

kula-2

Од здружението побараа помош од граѓаните со цел да се приберат финансиски и материјални добра, за да може истата Кула да ја заврши и истата на Велигден да биде осветена.

kula-3

Доколку сакате да донирате за да се изгради Христијанската кула тоа може да го направите на следната жиро сметка:

Жиро сметка:     300110000103481

Комерцијална Банка АД Скопје

Доколку сакате да стапите во контакт со здружението тоа можете да го сторите  на имеил адресата: hristijanskobratstvozg@gmail.com или на Фејсбук страната hristijansko bratstvо.