Две лица се убиени во скопско Грчец

Две лица се убиени а едно се бори за живот по вооружен напад кој синоќа после 23 часот се случил во скопското село Грчец.

Од МВР не даваат информции дали убиените или повредениот се од селото ниту пак од какво оружје е пукано, а нема информации ниту за бројот на напаѓачите. Повредениот после извршената операција е задржан во болница на лекување.