вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 2

Нов пресврт: Писториус ќе издржува казна затвор во траење од 15 години

Оскар Писториус ќе мине најмалку 15 години во затвор откако Врховниот Суд во Јужна Африка ја поништи првостепената одлука и го прогласи јужноафриканскиот атлетичар за виновен за убиство со умисла.

pistorius

Поврзани вести

Писториус пукаше во својата девојка Рива Стенкамп убивајќи ја во февруари 2013 година, по што се бранеше дека не знаел дека таа се наоѓала во тоалетот, туку стравувал дека тоа бил крадец што упаднал во неговиот дом.

Првичната пресуда му овозможи на Писториус по кратко време во затвор, да се пресели во домашен притвор.

Сепак, по најновиот развој на настаните јужнофриканскиот атлетичар ќе мора повторно да замине на суд, овојпат соочувајќи се со далеку поголема казна, со оглед на фактот дека минималната казна за убиство со умисла според законите во оваа земја изнесува 15 години во затвор.

Правдата е задоволена, изјави мајката на Рива Стенкамп при напуштањето на судницата.

Најчитани вести