Битолчани аплицирале со лажни документи за кредит

Битолчани аплицирале со лажни документи за кредит. Кривична пријава заработија битолчаните В.П.(59), Д.Ж.(27), К.К.(38) поради постоење основано сомнение дека сториле кривични дела „измама при добивање на кредит и друга финансиска погодност“ и „фалсификување исправа“.

Пријавените, како што информира МВР, кон крајот на 2014-та година, во постапка за одобрување на кредит за физички лица секој поединечно во Стопанска банка АД Скопје употребиле невистинити изводи од тековна сметка на Комерцијална Банка АД Скопје со намера лажно да прикажат пред кредитодавателот дека остваруваат редовни месечни приходи со кои би можеле да го амортизираат кредиот и пресметаните камати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.