Пиунот Шилегов, продолжена рака на тиранинот Заев, со отворена закана до новинари

Овојпат тој се заканува на новинар, уредник и генерален секретар на Македонската асоцијација на новинари, која се противи на законот за медиуми кој го наметнува СДСМ.

Со ваквото однесување повеќе од очигледно е дека тензијата на Бихаќка расте од ден на ден.

Имено, содржината и информацијата на статусот на Шилегов е доставена до амбасадите на ЕУ и САД во Скопје.

Како потврда на фактот дека всушност не е проблем Законот за медиуми за лошите извептаи за медиумите, туку само однесувањето на СДСМ, се и три денешни случувања – отворена закана на Шилегов до Латас, изјавата на првиот човек на Центарот за комуникации на СДСМ, Роберт Поповски, во кој тој не се огради од ставот на својот лидер Зоран Заев, и кривичната пријава која СДСМ ја има поднесено против порталоте „Прес24“ и НетПрес, како и против неделникот „Република“, а во која ги товари за фалсификат.

Патем Шилегов се збунил. Латас никогаш не бил во казнено-поправна установа, таму бил неговиот шеф Зоран Заев, па излегол со аболиција на Бранко Црвенковски, вели главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ Латас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.