Јанчевски: Не ја перцепирам изјавата на Заев, повикот е упатен на погрешно место

Јанчевски: Не ја перципирам изјавата на Заев, повикот е упатен на погрешно место
Јанчевски: Не ја перципирам изјавата на Заев, повикот е упатен на погрешно место (Фото: Вечер)

Скандалознта закана на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, до банките, тие да не учествуваа на аукцијата на државните записи која ја организираше Министерството за финансии,  банкарите ja оценија као недозволивa, неспоивa со пазарната економија и мешање во нивната деловна политика.

Истиот став, денеска го посочи и претседателот на Управниот одбор на Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски.

„Банките не се за да прават политика, за тоа се тука политичарите. Ние правиме бизнис. Водиме сметка за депозитите на граѓаните  на фирмите. Не гледам вмешаност на банките во политиката. Нема да коментрам политички изјави, но секако таа нема да влијае на работата на банката. Бaнките си имат деловни пoлитики, свои акционери, регулатр кој води сметка за нашето работење, се’ друго е дневна политика. Во однос на заканата на Заев, ние имаме регулатор кој треба да ни каже дали е тоа ризично или не. Не ја перцепирам никако изјавата на Заев. Ние имаме рамки во кои треба да се движиме во делот на изложеноста спрема државата. Изложеност спрема државата се државните записи и обврзници, благајнничките записи и седумдневните записи. Ние како банки што имаат газди во странство, треба да ги почитуваме тие правила, затоа што акционерите нас не поставуваат да водиме сметка за банката. Нaродна банка е таа која што ја цени ризичноста на нашето работење. Така, што веројатно повикот беше на погрешно место упатен“, истакна Јанчевски, на денешната презентација на годинешните остварувања на Тутунска банка, која е избрана за најдобра банка во Македонија за 2015 година, според  финансискиот магазин „The Banker“ .

Тутунска банка со добивка од 14,6 милиони евратутунска

Ова е осми пат како НЛБ Тутунска банка ја добива оваа престижна награда. Банката за првите десет месеци од 2015 година остварила добивка од 14,6 милиони евра и е една од најпрофитабините компании во земјава.

За следната година, Тутунска банка планира нов инвестициски циклус, со кој ќе го поддржи станбеното кредитирање на домаќинствата и проектите на микро, малите и средни претпријатија. Исто така, се планира надградба на електронските сервиси и софтвери, што ќе им овозможи на клиентите  брз, евтин и едноставен пристап до услугите на банката.