Ден за садење, подарување и дружење

Добитничката на првиот автомобил VW PASSAT од инстант лозот СРЕЌНИ ТРКАЛА, вчера заедно со Марјана и Иџе и тим од Државна лотарија на Македонија, Порше Македонија и Мотоцентар, со својот нов автомобил ги посети просториите на Мотоцентар каде се организираше ден за дарување и садење.

Автомобил VW PASSAT го доби својот подарок – сет зимски гуми од Мотоцентар, а паркот пред Мотоцентар доби ново зимзелено дрво кое го насадија Марјана, Иџе и добитничката Ирена Стојановска.

Бренд амбасадорот на Мотоцентар – Иџе Стефановски, предавајќи го подарокот, изјави дека заедно со тимот на Мотоцентар учествувал во изборот на зимски гуми од брендот NOKIAN и и пожела на Ирена среќно, безбедно и сигурно возење во зимски услови. Директорот на Мотоцентар Горан Гроздоски изрази задоволство од досегашната соработка со Порше Македонија и почетокот на соработката со Државна лотарија на Македонија, по основ на инстант лозот Среќни тркала, истакнувајќи дека Мотоцентар секогаш стои зад создавање дополнителни вредности.

lotarija1

Инстант лозот Среќни тркала има уште 6 (шест) добивки автомобили кои ќе бидат дополнително опремени со сет зимски гуми од асортиманот на Мотоцентар. Добитничката на првиот автомобил VW PASSAT повторно им порача на сите оние кои играат и не играат инстант лотарија, да не ја губат надежта и да трагаат по својата среќа играјќи ги игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.