петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 48

Давид Бабунски ја покажува целата своја величина – ќе собира пари за бегалците кај Гевгелија

Македонскиот талент од Барселона Б, Давид Бабунски, заедно со својот брат Доријан ќе собираат пари во хуманитарна акција во Барселона за помош на бегалците на границата на Македонија и Грција.

babunski

Поврзани вести

Илјадници бегалци, најголем дел од Сирија и економски азиланти се сместени во камп на грчко-македонската граница кај Гевгелија, па како што објави “Ел Мундо Депортиво”, на 9 декември од 19 часот, Бабунски организира конференција “Кои сме ние?” на “Камп Ноу”, каде се повикани сите членови на Барселона Б заедно со стручниот штаб да донираат пари за хуманитарните цели.

Парите ќе бидат наменети за храна и други основни намирници, кои ќе бидат однесени во кампот на границата со цел да им се помогне на бегалците.

Бабунски на 22 декември ќе биде во Македонија цела недела и тој најавил дека ќе го помине седумдневниот одмор во Гевгелија заедно со својот брат.

“Филозофот”, како што го именуваат Бабунски во Каталонија со ова покажува неверојатна хуманост и веќе ја импресионира шпанската јавност.

Најчитани вести