понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 0

Субвенциите за оризопроизводителите се зголемија на 21.000 денари по хектар

Премиерот Никола Груевски при денешната посета на Кочани ја соопшти новата владина одлука која предвидува зголемување на субвенциите за оризопроизводителите од 3 на 21 илјади денари по хектар.

oriz

Поврзани вести

Премиерот рече дека одлуката е донесена во соработка со производителите на ориз и е во склад на владината политика за постојана поддршка на оваа поледелска гранка.

gruevski-oriz-1

Со најновата измена на уредбата за ориз ја зголемивме дополнителната поддршка за површина со ориз од 3 на 21 илјада денари по хектар и го исклучивме скалестото намалување за оваа дополнителна поддршка. Во наредниот период 3.131 лице од производителите на ориз ќе добијат поддршка од Владата  во износ од 8.000 денари и дополнителна поддршка од 21.000  денари за сите без разлика на вкупната површина на производство, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето по повод отворањето на нова фабрика за преработка на ориз „Левидиагро“, турска  браунд инвестиција од 4 милиони евра.

Се очекува одлуката да стапи на сила деновиве по нејзино објавување во Службен весник.

Најчитани вести