Груевски на увид во изградбата на училишната спортска сала во Оризари

Во рамки на посетата на општина Кочани, премиерот Никола Груевски направи увид во изградбата на училишната спортска сала при ОУ „Крсте Петков Мисирков“  во село Оризари.

Салата е со капацитет за 500 лица, опремена е со современа спортска опрема и се протега на површина од 1.300 метри квадратни. Станува збор за инвестиција вредна 40 милиони денари. Инаку, ова е втора спортска  училишна сала што се гради во Кочани, а се очекува да биде готова за дваесетина дена. Салата  е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали низ Македонија.

По посетата на Кочани, премиерот Груевски ќе замине за Виница каде е предвидено да ја посети австриската фабрика „Текспорт“. Предвидено е тој да има средба со жителите на село Јакимово, виничко.