Македонија

Попоски: Мигрантска криза претставува голем безбедносен предизвик

Попоски: Мигрантска криза претставува голем безбедносен предизвик
Попоски: Мигрантска криза претставува голем безбедносен предизвик
Тероризмот не треба и нема да победи, истакна македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето на Министерскиот совет на ОБСЕ во Белград.

Во вториот дел од сесијата шефот на македонската дипломатија укажал на македонските напори за справувањето со мигрантската криза.

– Сегашната мигрантска криза претставува голем хуманитарен, социјален и безбедносен предизвик со кој се соочува голем дел од Европа. Ова има потенцијал и за негативен ефект врз односите меѓу земјите членки на ОБСЕ. Проблемот ги надминува националните граници и оттука е потребна глобална и координирана акција, а на истото конечно се работи интензивно. Тоа не охрабрува, но е сеуште далеку од оддржливо решение, потенцирал Попоски.

На билатералните средби на Попоски при учеството на состанокот  е разговарано за тековните политички и безбедносни предизвици во ОБСЕ регионот, како и состојбата со мигрантите низ балканската рута, с евели во соопштението од МНР.

Poposki-Astrid

Poposki-Mijatovikj2

Poposki - Makej Sredba

Poposki- Bershinski