Свет

Путин: Воената операција во Сирија е и за одбрана на руските интереси

Путин: Воената операција во Сирија е и за одбрана на руските интереси
Путин: „Странски непријатели“ се подготвуваат за избори во Русија

Руската воена операција во Сирија не е само помош за сирискиот народ, туку и одбрана на интересите на Русија и нејзините граѓани, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој обраќајќи се пред војниците за време на доделување на државни признанија, им се заблагодари на руските војници за нивниот придонес во Сирија.

– Денеска ги погледнав дополнителните материјали од локациите на кои беше соборен авионот, каде загинаа нашите другари. Таму се борат државјани на Русија од Кавказ. Тие снимки покажуваат дека таму има наши луѓе, рече Путин.

– Тоа што вие го правите е директна одбрана на нашата земја. Тоа не е измислица. Доколку тие таму се зацврстат, тие ќе ни се вратат. Тие и онака се враќаат. Малку војуваат, па се враќаат, додаде тој во обраќањето до војниците.

Путин нагласи дека главна цел е да не се дозволи ситуацијата, која се случи во Русија кон средината на 90-те години од минатиот век.