вторник, 27 декември 2016  |  Вести денес: 0

Што треба да прави жената по 40-та година

Што треба да прави жената по 40-та година

Што треба да прави жената по 40-та година

Поврзани вести

Во текот на феноменалните 40-ти години, едноставно ќе се чувствувате непобедливо. Тие се, сепак, фантастични години.

Но, во текот на 40-те се случуваат и суптилни промени за кои треба да се поведе сметка пред да се случат проблеми.

Имено, доаѓа до успорување на метаболизмот, губење на мускулна маса, хормонски нарушувања, како изголемување на нивото на стрес и зачестена депресија.

Ова се пет превентивни навики кои можат да ви помогнат, не само да им се спротивставите на овие промени, туку и да останете здрави, да имате повеќе енергија и да бидете подготвени за сите преубави години кои се пред вас.

Појадувајте на мир секое утро

Нутриционистите се сложуваат дека појадокот е од суштинско значење за одржување на линијата и спречување на дебелеење. Оброкот на почетокот на денот „е во договор“ со метаболизмот, кој е најсилен наутро, а тој е одговорен и за сузбивање на желбата за блага храна кога ќе дојде до пад на шеќерот во крвта.

Прво нешто што ќе испиете наутро нека биде топла вод со лимон и мед, за најдобра детоксикација на организмот. Кафето испијте го барем половина час по овој ритуал и никако на празен стомак.

 

Внесувајте повеќе калциум и Витамин Д

Ова е од суштинско значење за здрави коски и спречување на остеопороза. Се препорачува жените во четириесетите да дневно да внесуваат по 1000 мг калциум и 400 до 800 IJ витамин Д. Најдобро е да се внесуваат преку храна.

Држете го стресот под контрола

Здраво, смирено срци отчукува побро кога вдишувате и поспоро кога идишувате. Но, стресот ја спречува оваа нормална срцева фреквенција и ги активира нездравите промени во целото тело, вклучувајќи и зголемување на крвниот притисок, недостиг на енергија. Всушност, поради стресот побрзо стареете.

За поздраво срце, вдишете длабоко низ нос, запрете го здивот на неколку секунди и тогаш издишете низ уста, секогаш кога ќе почувствувате зголемен притисок.

Не заборавајте на духовната пракса (медитација, јога, молитва) читање, музика, креативност, хоби, шетање во природа, сон и одмор.

Зголемете внес на протеини и вежбајте

Дружете се со позитивни лица. Дружењето го намалува нивото на стрес, ја зголемува самодовербата, па може дури и да влијае на подобро разбирање со партнерот. Кога станува збор за социјалниот живот, жените навистина се добри во тоа, но често дружбата паѓа во друг план во тие години, најчесто поради кариерата и семејните обврски.

Дружете се со добри луѓе, смејте се и плачете заедно, уживајте во животот!

Најчитани вести