НБА: Вејд како во најдобрите денови – ја покори Оклахома

Тандер имаа шанса да победат во последниот напад, но Расел Вестбрук не погоди тројка на истекот на времето.

Двејн Вејд потсети на некои стари времиња со одличната игра и 28-те постигнати поени за Мајами. Крис Бош постигна 16, додека Горан Драгиќ реализираше 14 поени.

Кај Оклахома, дуото Дурант – Вестбрук постигна по 25 поени, но и тоа не беше доволно да се совлада расположениот Мајами.

НБА Резултати:

Мајами – Оклахома 97:95
Торонто – Денвер 105:106
Јута – Орландо 94:103
Мемфис – Сан Антонио 83:103
Портланд – Индијана 123:111
Сакраменто – Бостон 97:114