сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Освен на градскиот плоштад, новогодишна елка ќе се постави и кај ЗОО

Новогодишната елка на Плоштадот „Македонија“ ќе биде висока 18 метри, а и самиот плоштад ќе биде накитен со светлосни и други украсни елементи. Елката кај ЗОО ќе биде висока 9 метри и ќе биде накитена со светлосни декоративни елементи.

Освен на градскиот плоштад, новогодишна елка ќе се постави и кај ЗОО

Освен на градскиот плоштад, новогодишна елка ќе се постави и кај ЗОО

Последни вести

Град Скопје и годинава, традиционално, го реализира Прoект за украсување и декорирање по повод Новогодишните и Божикните празници, чијашто главна цел е да понуди свечени и естетски решенија за плоштадот и централното градско подрачје.

Годинава ќе бидат поставени две новогодишни елки, една на Плоштадот „Македонија“, и една на булеварот Илинден, кај Зоолошка градина. Новогодишната елка на Плоштадот „Македонија“ ќе биде висока 18 метри, а и самиот плоштад ќе биде  накитен со  светлосни и други украсни елементи. Новогодишната елка кај ЗОО ќе биде висока 9 метри и ќе биде накитена со светлосни декоративни елементи.

Покрај плоштадот, во поширокиот реон на централното градско јадро ќе бидат украсени и следниве јавни површини:

  • булеварот „Илинден“ до раскрсницата со улицата „Френклин Рузвелт“;
  • просторот пред Владата на Република Македонија;
  • улицата „Даме Груев“
  • булеварот „Партизански одреди“ до раскрсницата со булеварот „8 Септември“ и платото пред Универзална сала;
  • улицата „Димитрие Чуповски“;
  • улицата „11 Октомври“;
  • улицата „ВМРО“;
  • улицата „Филип Втори“, на потегот од раскрсницата кај Специјалната  болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ до раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“;
  • просторот пред Судската палата и булеварот „Гоце Делчев“ од ТЦ „Мавровка“ до Влада на Република Македонија;
  • Старата чаршија пред националната галерија Чифте Амам;
  • Паркот „Жена борец“;
  • Плоштадот ВМРО;
  • просторот пред црквата „Св. Богородица“;
  • Плоштадот „Филип Втори“, пред црквата
  • „Св. Димитрија“;
  • улицата „Македонија“ и
  • булеварот „Климент Охридски“ од Влада на РМ до зградата на„Нова Македонија“.

Украсувањето и декорирањето ќе заврши на 15 декември, додека раскитувањето ќе  се одвива од 15.01. до 18.01.2016  година.

Новогодишното декорирање на градскиот амбиент ќе го реализира фирмата Линк Медиа, која понуди најниска цена на јавниот повик, за што ќе бидат издвоени околу 10.400.000 денари.

Најчитани вести